Лига на шампиони
Леао: Го загубивме фокусот, но заслуживме да победиме

Милан во дуелот со Црвена Звезда уште еднаш потврди дека може се да се очекува од него со тоа што добрата вест за калчолигашот во оваа соочување е тоа дека беа освоени трите бода со гол во самата завршница.
„Росонерите“ покажаа слабости во второто полувреме, му дозволија на противникот да биде далеку поопасен, да постигне гол и дојде до 1-1, резултат кој беше активен се до 87 минута кога Ејбрахам успеа некако да ја смести топката во мрежата на гостите кои пак сметаа дека се оштетени во таа ситуација, поточно дека имало прекршок.
-Знаеме дека следните два натпревари нема да бидат лесни. Денеска самите си ги комплициравме работите. Тоа е цел, се разбира, целиот тим сака да биде меѓу најдобрите во Европа. Затоа треба да почнеме силно во претстојните натпревари и да покажеме дека Милан сака да победува.
-Селекторот веќе зборуваше за тоа во текот на неделата, опишувајќи ги како тим кој чека контра-напад, чека да погрешиме во средината, бидејќи заедно се бранат со низок блок. Нема простор во средината, па постојано се обидуваа преку контра да создадат опасност и така постигнаа гол. Потоа, во второто полувреме, ментално го загубивме фокусот, навистина не бевме во игра. Но, морам да не пофалам како група затоа што не застанавме, продолживме да се бориме, продолживме да бараме гол и на крајот дојде, -порача Рафаел Леао за „Милан ТВ“.
„Црвено-црните“ во двете последни кола играат со Џирона и Динамо Загреб.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет17 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП13 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)