Европски купови
Лазаров: Горд сум на она што го направивме…

Составот на Алкалоид издвојува уште една победа против Драгунас Клаипеда и на доминантен начин обезбеди пласман во третото коло на Европскиот Куп на ЕХФ.
Алкалоид славеше на гостински терен со 37-31 и со вкупни 79:62 обезбеди место во наредната фаза каде допрва ќе го дознае противникот. Тренерот Кирил Лазаров е задоволен од прикажаното на неговите избраници и воедно верува дека ќе имаат што да кажат и против наредниот ривал во ова натпреварување.
-Не е лесно да се победи било кој противник на гости, посебно во еден европски куп. Победата ја остваривме со стил, во 22. минута имавме девет разлика, потоа дојде до некое опуштање и се мачевме цел натпревар. Меѓутоа, сите овие работи се нови за нашите играчи, имам разбирање, треба да учиме од грешките. Победивме една квалитетна екипа која физички трча 60 минути и не е лесно да се подговиш за неа. Иако ова е прво европско коло, горд сум на она кое го направивме. Посебно во последните седум дена во кои имавме три средби кои доста бараа од нас.
-Анализирајќи го противникот, првата средба беше потешка. Увидов дека се работи за квалитетен ривал кој знае што сака. Шпанскиот систем донел ред во овие четири до пет месеци, многумина ме гледаа како смешен кога кажав дека треба да се биде претпазлив. Влеговме дисциплинирано, успеавме да поставиме една добра залиха во Скопје која ни даде да спиеме мирно. Сакавме да победиме и на реваншот, тука ни беше полесно да играме, затоа што знаевме што не очекува.
-Ни следи ждрепката од третото коло, имаме свои желби, за да имаме и поголеми шанси. Меѓутоа кој и да ни падне на ждрепката, нема ние да се си ставаме некаков товар. Важно ни е ние да одиме напред и нашиот систем да функционира. Нема да излеземе на терен со бело знаме, без разлика на името и на квалитетот на противникот, -порача Лазаров.
-
Италија5 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија6 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија6 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Шпанија8 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Балкан4 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Свет1 час
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
Англија6 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија23 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)