Поврзете се со нас

Македонија

„Лавовите“ се засилија со стопер од Бразил (ФОТО)

Објавено

на

Екипата на Македонија Ѓорче Петров ги засили своите редови со бразилскиот интернационалец, Џонатас Жилберто да Силва.

Се работи за играч кој има 27-години и кој ја покрива стоперската позиција, а во Ѓорче Петров доаѓа од тимот на Перолас Неграс. Тој е прво засилување за актуелниот освојувач на Купот на Македонија кој во претходниве денови се раздели со Ристе Темелков, Филип Алексовски и Кристијан Стојкоски и Андреј Јаго.

Кога се во прашање „лавовите“, тие ја информираа јавноста дека главните подготовки за пролетниот дел од сезоната ќе ги одработат во Хрватска каде ќе одиграат четири пријателски средби со Осиек, Сарајево, Радомље и Алуминиј.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни