Италија
Лаутаро се уште не може да пронајде заеднички јазик со Интер: Не е лесно…
Лаутаро Мартинез веќе неколку години е дел од калчолигашот Интер во кој од сезона во сезона расте, развива и сега дефинитивно е еден од клучните играчи, ако не и најважен фудбалер на составот од Милано.
Тој во актуелнава кампања има 21 гол и 5 асистенции на 27 натпревари што јасно говори за тоа каков придонес, влијание има за екипата, па сосема очекувано управата на Интер се обидува да го убеди да потпише нов договор. Иако во повеќе наврати од Интер порачуваа дека се блиску до договор за продолжување на соработката тоа не е вистина според зборовите на агентот на Аргентинецот, Алехандро Камано.
-Лаутаро е на многу високо ниво, да се дојде до договор не е лесно, има многу аспекти за дискутирање. Денес сè уште нема вистински договор, па ќе останеме смирени и постојано ќе разговараме со Интер. Сега најважен е тимот, моментот и тој е среќен. Лаутаро дојде кога беше момче и многу порасна, денес е комплетен играч, капитен е, има две и пол години договор, има многу време за разговор, па ќе преговараме . Денеска фокусот е да им оди одлично во Серија А и Лигата на шампионите, -рече Камано и додаде:
-Лаутаро е важен во италијанскиот и европскиот фудбал, денес верувам дека со Халанд се најдобрите двајца центарфори во Европа, тој и Интер многу се подобрија, тие се вториот најдобар тим во Европа кој достигна неверојатно фудбалско ниво, многу сме среќни, -порача агентот на голгетерот.
Актуелниот договор е со важност до 30 јуни 2026 година што значи има доволно простор и време калчолигашот да пронајде заеднички јазик со ѕвездата која дефинитивно е среќна во Милано.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…