Шпанија
Лапорта влезе во соблекувалната по поразот на Барселона и им испрати порака на играчите и тренерот Чави (ВИДЕО)

Иако многумина ја потценија Барселона се покажа во добро светло на пресметката со Реал Мадрид во Супер Купот на Шпанија, битка во која каталонците двапати се враќаа, но паднаа во продолженијата во кои Феде Валверде стрелаше за конечни 3-2 за лидерот во Примера.
Секако во таборот на клубот од „Камп Ноу“ можат да бидат задоволни со некои аспекти од игра, поседот, темпото, но не и резултатот кој ги остави без можност да можат да се израдуваат на првиот трофеј во оваа кампања.
Сепак позитивната е оценка, па задоволен беше и претседателот Жоан Лапорта кој ги посети играчите и стручниот штаб по завршувањето на средбата и им испрати охрабрувачка порака.
-Сите сме горди, сите навивачи на Барселона. Повеќе од било кога. Пораките кои ги добиваме од Барселона, мечот што го одигравте каде истапивте, покажавте талент, гордост, се надминавте, бевте храбри. Можеме да бидеме горди.
-Како претседател и останатите членови на управата, сите навивачи на светот, сите сме горди што сме навивачи на Барселона. Ви благодарам на сите. Ова е патот, тренерот, стручниот штаб сите беа добри. Храброст, за малку ќе успеевме, ни фалеше само победа. Ама ако вака продолжиме сигурно ќе успееме. Би благодарам и Виска Барса. Горди сме, -истакна Лапорта.
❝ We’re very proud, this is the path ❞
— President @JoanLaportaFCB — pic.twitter.com/wt5etMZ8uG
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 13, 2022
-
Англијапред 19 часа
Манчестер Јунајтед се откажа од Арнаутовиќ, Македонец главен „виновник“ за пропаднатиот трансфер
-
Светски првенствапред 20 часа
Германска легенда најави дека ќе го бојкотира СП во Катар
-
ВТАпред 22 часа
Серена Вилијамс најави повлекување од тениската сцена
-
Англијапред 23 часа
Рио ги именуваше тројцата напаѓачи од Премиер лигата кои не можел да ги поднесе
-
Англијапред 14 часа
Звучи неверојатно: На Манчестер Јунајтед му бил понуден напаѓач кој ги помина Реал, Јувентус, Челси и Атлетико
-
Лига на шампионипред 6 часа
Ристовски не се согласува со хрватската јавност по чудниот меч на „Максимир“: Таков е фудбалот
-
Германијапред 18 часа
Вернер се врати во старото јато и порача: Сакам да станам првиот играч во историјата на Лајпциг кој…
-
Шпанијапред 6 часа
Модриќ: Сега цел свет се запозна со нешто што јас го знаев со години