Поврзете се со нас

Македонија

„Кварезма од Струга“: Цаке со мајсторија од слободен удар се погрижи за гол на сезоната (Видео)

Објавено

на

Борче Христов немаше посакувано деби на клупата на Работнички во Првата македонската фудбалска лига, а главен виновник за тоа е Клисман Цаке.

Струга успеа да победи на домашен терен со минимални 1:0, а единствениот постигнат гол на натпреварот беше вистинско ремек-дело кое ретко се гледа на нашите терени.

Албанецот од Поградец изрежира фудбалска магија во стилот на Рикардо Кварезма, односно се одлучи за удар со надворешна и испрати хируршкио прецизен удар во аголот.

Играчите на Струга со тактичката поставеност ги збунија противниците, па иако изгледаше дека Цаке нема да шутира, тој изведе магија која потсети на најдобрите голови на добро познатиот фудбалски мајстор од Португалија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни