Лига на шампиони
Кузмановиќ: Интер може да ја освои ЛШ

Поранешниот српски репрезентативец, Здравко Кузмановиќ верува дека Интер го има потребниот квалитет за да ја освои Лигата на шампионите во оваа сезона.
Интер е актуелен италијански првак и Кузмановиќ смета дека актуелниот состав ќе биде сигурен во домашниот шампионат, а таа своја сила, карактер, способност и самодоверба може да му донесе и голем успех во елитното натпреварување.
-На Интер не му оди лошо во Серија А, но рано е. Добро му оди и во Лигата на шампионите. Тимот е силен и верувам дека на крајот ќе го освои шампионатот. Мислам дека ќе доминира во Серија А и дека на крајот повторно ќе биде пред сите.
-Зошто да не ја освои и титулата во ЛШ? Имаат силен и искусен тим со играчи кои се заедно долго време. За мене тие се меѓу фаворитите за освојување на Лигата на шампионите. Интер не смее да се чувствува инфериорен во однос на Манчестер Сити и Реал Мадрид. Одигра одлично против Сити и можеше да победи. Никогаш не треба да имате комплекс на инфериорност во животот, -смета Здравко кој две години беше дел од клубот од Милано.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија13 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)