Шпанија
Кунде по аматерската грешка против Селта: Бесен сум на самиот себе (Видео)

Барселона имаше се во свои раце и изгледаше како тим кој рутински ќе го приведе мечот при крај на „Балаидос“, но наместо тоа, гостите фрлија во вода се што градеа 80 минути.
Во период од 240 секунди, Касадо заработи црвен картон, Жул Кунде направи аматерска грешка и подари гол за 1:2, а потоа следеше и целосен шок за 2:2 во 86-та минута.
Неверојатното сценарио направи Барселона да остане без планирани два бода од гостувањето во Виго, па иако Ханси Флик не издвојуваше поединци за лошата претстава во финишот, самиот Кунде реши да ја преземе вината за бизарната грешка која ја направи.
– Немав добар натпревар од самиот старт, имав многу падови во концентрацијата, а на крајот, направив глупост во наједноставна акција. После тоа, ни падна моралот, а тие се кренеа и успеаја да израмнат.
– Водевме 2:0, а мојата грешка негативно влијаеше врз тимот. Направив многу голема грешка, едноставно такво нешто не смее да ми се повтори. Фрустриран сум и разочаран, посебно на самиот себе. Бесен сум на себе поради завршницата. Не игравме како што знаеме, но водевме 2:0 и мораше да победиме. Сигурен сум дека ќе победевме без мојата грешка. Такви работи скапо се плаќаат во фудбалот, – посочи Кунде.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон