Поврзете се со нас

Шпанија

Крос посочи со прст кон новиот „диригент“ на Реал: Кога имате таков играч, понекогаш треба да затворите очи….

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос вели дека е прерано да се прават било какви анализи за работата на Чаби Алонсо на Светското клупско првенство, но затоа го охрабрува новиот тренер што повеќе да верува на играчот кој се претвори во стартер на турнирот на ФИФА.

Во отсуство на Лука Модриќ кој е пред преселба во Милан, Реал Мадрид ќе мора да бара нова „десетка“ која ќе биде задолжена за креацијата во завршната третина, а Крос смета дека најблиску до таков профил на фудбалер во актуелниот тим на Реал е Арда Ѓулер.

Германецот верува дека Турчинот ќе може да го поднесе притисокот и да се справи со товарот кој ќе го има наредната сезона, а исто така ги советува фановите на Реал да „замижат“ на некои загубени дуели кои ќе ги има со посилни и поснажни фудбалери.

– Арда е играч кој му дава многу фудбал на еден тим. Веќе минатата сезона беше технички подготвен, но сега е и физички подготвен за чекор повеќе.

– Кога имате таков играч, кога имате фудбалер кој може да игра како „десетка“ меѓу линии, тогаш понекогаш треба да затворите очи кога ќе загуби некој дуел. Најважно е да има јасни идеи и да учествува во дефанзива кога ќе се побара од него такво нешто, – вели Крос.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни