Свет
Крос порани со специјална честитка: Многу тренери можат да учат од тебе, едвај чекам да те видам!
Тони Крос е фудбалска ѕвезда на Реал Мадрид и во изминативе години важи за еден од најдобрите играчи за врска, но наспроти сите сопствени заслуги за она што го доживеа во кариерата, Германецот самиот смета дека многу му должи и на тренерот кој најмногу веруваше во него.
Крос фудбалски растеше со Јуп Хајнкес, најпрво во Баер Леверкузен, а потоа и во Баерн Минхен, па сега на еден ден пред 75-от роденден на трофејниот стручњак, Кросј му се обрати со специјално писмо кое беше објавено во „Минхен Меркур“.
– Здраво тренеру, честитки за твојот 75-ти роденден. Во овие тешки времиња, ти посакувам здравје најмногу од се. Сакам да имаш сатисфакција во животот и да уживаш. Ова е одлична шанса уште еднаш да ти се заблагодарам.
– Убеден сум дека без неговата доверба, немаше да го изодам овој пат. Веруваше во мене, ми требаше тренер кој ме поддржува и кој ме критикува за да го извади најдоброто од мене. Многу тренери можат да научат многу од тебе, ти си доказ дека се остваруваат успеси и со малди играчи на кои им простуваше лоши натпревари.
– Мило ми е што уште сме во контакт, и покрај тоа што спортски сме разделени. Имам огромна желба да те видам повторно, поздрав од Мадрид, твојот Тони, – гласи пораката на Крос.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…