Германија
Крос: Германија веќе не е истата земја од пред десет години, ќе продолжам да живеам во Шпанија!

Тони Крос ја заврши својата играчка кариера со четвртфиналниот настап на Европското првенство, од едноставна причина што неговата Германија беше поразена од Шпанија на дерби пресметката во Штутгарт.
Иако даваше се од себе што повеќе да ја одложи пензијата, Крос на крајот беше сопрен од играчите кои му се добро познати од кариерата на клупски план, но говорејќи и генерално за животот во Германија и Шпанија, Тони открива дека во моментов многу побезбедно се чувствува на Пиринеите.
Во разговорот за подкастот на „ЗДФ“, Крос открива дека ќе продолжи да живее во Шпанија и во Мадрид, бидејќи во моментов смета дека Германија е доста понебезбедна земја поради големите миграции кои направиле неговата земја да биде непрепознатлива.
– Германија веќе не е истата земја која беше пред 10 години, а тоа е така поради масовната миграција. Масовната миграција во нашата земја стана премногу неконтролирана.
– Секаде има големи проблеми, има голем метеж и тоа за мене е премногу. Има имигранти кои се добри луѓе, но ако не можете да ги разликувате од тие кои не се добри за Германија, на крајот работата станува тешка. Ставот на Германците станува се поподелен на оваа тема. Една од главните причини поради кои ќе продолжам да живеам во Шпанија е безбедноста. Во голем германски град би се плашел да ја пуштам мојата ќерка надвор после 11 часот навечер, во Шпанија тоа не е така, – открива Крос.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план