Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарките го освоија 18. место на ЕП во Литванија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Женската кошарска репрезентација до 18 години со пораз од Босна и Херцеговина го заврши настапот на Европското првенство „Б“ дивизија во Литванија.

Во битката за 17. позиција на шампионатот, младите македонски кошаркарки забележаа пораз од 79:69. Овој меч го загубивме во првиот дел кој противникот го доби со 53:26, предност која беше недостижна за избраничките на Петровски во продолжението.

Колева уфрли 20 поени, Трајковска додаде 19, додека Начевска запиша дабл-дабл од 16 поени и 17 скокови.

Турнирот го завршивме со една победа на шесте натпревари и тоа против Австрија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни