Поврзете се со нас

Балкан

Кош кој долго ќе се врти: Центарот на Фенербахче постигна неверојатна тројка со звукот на сирената и ги шокираше сите во Истанбул (ВИДЕО)

Објавено

на

Фенербахче ја продолжи својата одлична серија во домашниот шампионат и тоа откако се избори за славје во лудиот меч против составот на Бахчешехир.

Фенер беше пред пораз на овој дуел, но се случи „чудо“ и беше постигнат кош кој навистина ретко се гледа на терените. Гостите губеа со три разлика на 1.9 секунди до крајот, топката му беше дадена на Јоргос Папајанис кој едноставно си ја испроба среќата и со една рака ја упати кон противничкиот кош, топката влезе како „без коски“ за ерупција на гостите и шок на домашните играчи и навивачи.

Со ова дуелот се однесе во дополнителни минути во кои избраниците на Јасикевичиус подобро се снајдоа за конечно славје од 110:105.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни