Поврзете се со нас

Италија

Конте за непријатната ситуација: Барам само една работа од Осимен

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Антонио Конте го презема Наполи и веќе ги доби првите засилувања за новата сезона, но поважно за него е тоа што успеа да задржи двајца фудбалери кои беа решени да си заминат.

Тренерот им ја завтори вратата на Ди Лоренцо и Кварацхелија и двајцата ќе играат барем уште една сезона во Наполи, нешто што дефинитивно не е толку сигурно за Виктор Осимен.

Нигериецот е ставен на трансфер листата и Наполи очекува понуда која ќе ги задоволи барањата на клубот, но бидејќи овој негов случај се одложува многу повеќе од тоа што се замислуваше, во првиот тим владеее и мала непријатност.

Навистина е тешко е да соработувате со играч кој не се гледа себеси во еден тим, меѓутоа Конте вели дека сите играчи ги пречекува со отворени раце, се додека Осимен работи професионално и напорно како што тој замислил.

– Кога зборуваме за Осимен, зборуваме за еден голем професионалец, за врвен играч и фантастична личност. Зборував со него и ништо нема да променам во мојот однос. Имам едно баррање од него и тој го знае тоа. Тој се уште припаѓа на Наполи и се додека е така, мора напорно да работи и да има вистински став на тренингот. Иако има постигнато договор за негово заминување, се уште не знаеме како ќе заврши оваа ситуација. Засега е тука со нас, има насмевка на лицето и за мене најважно е како се однесува на тренингот, – изјави Конте.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни