Италија
Конте за неприфатливото издание на Наполи: Мојот тим се стопи како снег на сонце

Антонио Конте на катастрофален начин ја почна својата нова авантура во Серија А, бидејќи првиот меч во сезоната јасно стави до знаење дека неговиот тим има потреба од барем неколку засилувања.
Наполи денеска доживеа потоп на гостувањето на „Бентегоди“ и настрада од тимот на Верона, а уште полошо за Конте беше тоа што сите три гола беа примени во вториот дел.
Падот во коцентрацијата беше очигледен и гостите од Неапол немаа никакви решенија за цврстата поставеност на домашните фудбалери, а претрпениот потоп го натера Конте целосно да ја преземе одговорноста.
– Во првиот тим имаше само еден тим на теренот, а тоа бевме ние. Мислам дека Верона немаше шут кон голот. Но, после тоа, и дозволивме да испрати удар во вториот дел и во следната секунда веќе губевме. После првиот примен гол, мојот тим се стопи како снег на сонце.
– Сакам да им се извинам на навивачите на Наполи, на сите оние кои го следат тимот со толкава страст. Изданието во вториот дел е неприфатливо, а јас како тренер ја преземам целата одговорност. Понизно се извинувам, играта во второто полувреме беше неприфатлива, – изјави Конте.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)