Лига на шампиони
Компани: Нојер се повреди за време на прославата на голот

Баерн Минхен му одржа фудбалска лекција на Баер Леверкузен во првото осминафинале во Лигата на шампиони, па сега на реваншот ќе брани голема предност за пласман во четвртфиналната фаза.
Баварскиот великан одигра далеку поискусно и ги искористи сите пропусти во одбраната на „фармацевтите“, па конечниот резултат можеше да биде и повисок од оние 3:0.
Чаби Алонсо како тренер на Леверкузен најави дека ниту на крај памет не му е да се откаже од оваа елиминациска рунда, а мотив плус за него и неговите фудбалери сигурно ќе биде и тоа што Баерн ќе го нема на располагање својот лидер и капитен, Мануел Нојер.
Искусниот чувар на мрежата одбрани еден зицер при резултат 1:0, но потоа по постигнатиот втор гол на Мусиала, побара замена поради повреда на листот.
Лекарските прегледи кои биле направени денеска потврдиле дека Нојер ќе паузира од три до четири седмици, што значи дека дефинитивно нема да го гледаме на голот на Баерн на реваншот за една недела.
– Реалноста е дека Ману се повреди додека го славеше вториот гол. За жал не можеше да го продолжи мечот и моравме да менуваме, – изјави Компани.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план