Лига Европа
Комедија во живо: Мадисон го дочека моментот на слава и брутално го истрола Кин, Рој не остана должен (Видео)

Џејмс Мадисон беше една од ѕвездите на кои Анге Постекоглу не можеше да смета на големото финале, но и без него во тимот, Тотенхем оствари историска победа против Манчестер Јунајтед.
„Петлите“ ја спасија сезоната со прв освоен трофеј од 2008-ма година и си обезбедија директен пласман во Лигата на шампиони, а во фаза во која голем дел од фудбалерите ја подигнуваат првата титула во кариерите, нормално е што имаше и луди прослави.
Голем дел од играчите на Тотенхем не ги криеја солзите, но расположен за сеир беше играчот кој не одигра ниту една минута во финалето.
Мадисон не му ги заборави зборовите на Рој Кин кога легендата порача дека Џејмс не е доволно голем фудбалер за да води еден тим кон успеси и титула, па фудбалерот на Тотенхем го дочека моментот на слава за да му фати голем сеир при инервјуто за „Си-Би-Ес“.
– Искрено, не планирав да направам ниту едно интервју, но потоа слушнав дека Рој Кин е во студиото….., – порача Мадисон, по што Ричардс побара од него да ја креира оригиналната „пикадо“ прослава.
– Ова е за твојот син Рој……, – продолжи со сеирот Мадисон, по што легендата на Јунајтед не остана должна.
– Отсекогаш велев дека си добар играч, само треба да бидеш поконстантен. Вечерва одигра одлично!, – во свој стил порача Кин, алудирајќи на тоа дека тимот одиграл подобро без него.
“Roy Keane that’s for you son!”😂🎯
James Maddison will never forget how Roy Keane slated him in the past😂😂😂 pic.twitter.com/UTK0oU1EzW
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) May 21, 2025
-
АТП23 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија19 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија18 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Англија2 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда
-
Шпанија18 часа
Дефанзивецот на Реал кој направи катастрофална грешка против ПСЖ им се извини на фановите (Фото)