Франција
Комбинацијата Дембеле-Емери ги крена на нозе навивачите на ПСЖ (Видео)
ПСЖ во последно време почна да докажува дека може да победува и без головите на Килијан Мбапе, па таков беше случајот и оваа вечер на „Паркот на принцовите“ на натпреварот против Монпелје.
Францускиот првак полека почнува да го добива ликот кој го има замислено Луис Енрике, бидејќи „светците“ денеска постигнаа три гола по импресивни тимски акции.
Усман Дембеле не постигна ниту еден погодок, но доскорешната ѕвезда на Барселона учествуваше во сите три акции и имаше одлично издание кое сигурно ќе влијае и на неговата самодоверба.
Првиот гол беше дело на Канг Ин откако топката со елегантно движење му ја пропушти Мбапе, а потоа за вториот гол се чекаше до стартот на вториот дел.
Дембеле и Заире Емери импресивно комбинираа и режираа гол кој ги крена на ноза сите присутни на стадионот, што беше и најава за победата која подоцна беше потврдена.
По нова акција по десната страна, Дембеле го проигра Хакими, а овој со својта втора асистенција го пронајде Витиња кој ги постави конечните 3:0.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план