Поврзете се со нас

Свет

Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Утре се игра финалниот меч на Светското клупско првенство, а битката за титулата ќе ја водат премиерлигашот Челси и актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен.

Ова е дуел во кој на хартија голем фаворит е ПСЖ поради убедливите настапи, играта, целиот систем на Енрике кој функционира перфектно некое време и за тоа говорат резултатите, освоените пехари и можноста сезоната да се заврши идеално со славје на СКП.

Меѓутоа и Челси си има свои адути, па фудбалерите на овој тим се убедени дека можат да дојдат до победа на утрешниот меч закажан за 21 часот.

-Тие се неверојатен тим, но ние не сме Интер и Реал Мадрид. Ќе донесеме нешто поинакво. Ние сме различни играчи и сме уверени во себе дека, се надеваме, ќе се обидеме да ја добиеме натпреварот. Мислам дека повеќето луѓе низ целиот свет очекуваат ПСЖ да победи, но ние во нашиот табор не мислиме така.

-Се сеќавам на првиот пат на овој турнир кога имав медиумско искуство и им реков на сите дека сме победници и стигнавме до тука. Тоа покажува дека не лажам. Играчите имаат навистина врвен менталитет и сме возбудени што ќе влеземе во ова финале. Кога играте за Челси, не се плашите да играте против никого и така се чувствуваме сите.

-Ако сите мислат дека ќе изгубиме, тогаш немаме што да изгубиме. Мора да излеземе таму и да го играме нашиот фудбал, да бидеме самоуверени и се надеваме дека ќе се обидеме сите да ги изненадиме, -порача дефанзиевцот Леви Колвил.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни