Светски првенства
Коиј: Македонците се добри луѓе, но во спортот…

Холандија ја победи Македонија (37:32) на вчерашниот меч на Светското ракометно првенство и со тоа обезбеди билет за следната фаза на ова натпреварување.
Ова беше дуел кој донесе огромна борба, но и тензија пред се поради арбитражата на Мадс Хансен и Јеспер Мадсен, судење кое донесе многу нервоза пред се на трибините.
На крајот Холанѓаните избегаат од теренот по завршувањето на мечот и со тоа дополнително ги збеснаа нашите фанови, па тоа вчера и денеска е доста актуелно во ракометните кругови. Инаку за Холандија на ова соочување настапи Ларс Коиј, ас кој добро не знае затоа што веќе неколку месеци настапува за Вардар 1961, па од свој агол кажа што мисли за целата работа, односно за нас како народ.
-Тоа е сосема поинаков свет и култура. Македонците се што прават, прават со голема страст, понекогаш во некои разговори ќе помислите дека се бесни едни на други, но тоа е сосема нормално. Од моето искуство можам да кажам дека тие се отворени и пријателски луѓе, но во спортот секогаш сѐ им е прашање на живот или смрт. Ако победиш си Бог, ако загубиш си никој и ништо. Јас не го разбирам јазикот и не знам што викаат, но можам да кажам дека се фрла со најразлични предмети кон играчите. Морам да потенцирам дека атмосферата е фантастична. Во Скопје игравме дерби пред 4.000 навивачи, тоа беше нешто посебно, прекрасно искуство, -порача кружниот напаѓач кој постигна четири гола против нашата селекција.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план