Свет
Клубовите постигнале договор, Димитриевски заминува за Саудиска Арабија

Најдобриот македонски голман, Столе Димитриевски е на добар пат да направи трансфер во овој зимски преоден рок и тоа не во Барселона за која многу се зборуваше во изминатиов период туку на Блискиот Исток во Саудиска Арабија.
Последните информации говорат дека шпанскиот прволигаш Рајо Валјекано ја прифатил понудата на Ал Наср и дека Димитриевски е многу блуску да заигра во шампионатот во кој веќе одредено време игра уште еден наш репрезентативец Џани Алиоски.
Новинарот Руди Гaлети кој од претходно информираше дека Столе веќе ги договорил личните услови со Ал Наср сега пренесе дека клубовите во основа постигнале договор, па сега се чека официјална потврда.
🚨🔥 Agreement in principle between #AlNasr and #RayoVallecano for Stole #Dimitrievski.
⏳✅ The 🇲🇰 goalkeeper is one step away to join the 🇸🇦 club. Last details are now under discussion. 🐓⚽#Calciomercato #Transfers https://t.co/4mPkISKI0K
— Rudy Galetti (@RudyGaletti) January 17, 2022
Се споменува сума од десет милиони евра, сума за која Рајо кажал „ДА“ за комплетирање на зделката.
Димитриевски во досегашната кариера освен за клубот од Мадрид има настапувано уште за Химнастик, Гранада (Б), Кадиз Б и Работнички.
-
Македонијапред 17 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 15 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 22 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 6 часа
Интер не се откажува од Перишиќ: Ќе ја донесеме најдобрата одлука, сакаме да остане со нас
-
Италијапред 24 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 17 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 7 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)