Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Јас сум добар, но Гвардиола се однесува како да не освоил ништо во животот!

Објавено

на

Ливерпул вчера лесно победи во Лигата на Европа и полека се подготвува за она што следи во Премиер лигата, големото дерби против Манчестер Сити кое се игра во недела на „Енфилд Роуд“.

Страстите пред натпреварот дополнително го зовреа Трент Александер Арнолд, Ерлинг Халанд и Рубен Дијаш со препукувањата кои ги имаа во јавноста, но Јирген Клоп реши да не оди со „валкана програма“ воочи натпреварот и имаше само пофалби за противникот, а особено за менаџерот Пеп Гвардиола.

Клоп води битки со Пеп уште од времето кога заедно беа во Германија, а иако заедно прераснаа во врвни фудбалски стручњаци, самиот Јирген смета дека Шпанецот е приказна за себе.

– Начинот на кој Пеп влијаеше врз фудбалот е неверојатен. И покрај сите трофеи кои ги освои, кога го гледате како се однесува, изгледа како да не освоил ништо во животот. Неговата желба за успех е нестварна, тој е извонреден тренер. Тој ме направи да бидам подобар.

– Знам дека станав добар и дека сум добар тренер, но тој е најдобриот во светот. Имаме само почит кон Сити, не ги вадете работите од контекст. Гвардиола е најдобриот тренер во светот, Халанд најдобрата „9-ка“, Де Брујне ќе биде запаметен во историјата како што е Стивен Џерард, Фоден е најдобриот играч во Англија. Сити е најуспешниот клуб во Англија и најверојатно во светот, нините рекорди зборат сами за себе и ние максимално ги почитуваме, – изјави Клоп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни