Свет
Кјелини: Роналдо требаше да си замине порано!
Џорџо Кјелини добива дозирана минутажа од тренерот Масимилјано Алегри со оглед на возраста и тешката повреда која ја санираше минатата сезона, а иако вчера капитенот на Јувентус не играше против Зенит во Русија, ја даде убедивло најинтересната изјава по крајот на средбата.
Јувентус влезе во серија од седум победи на осумте последни натпревари и значително се подобри расположението во тимот по катастрофалниот старт на сезоната, за кој Кјелини смета дека значителен одраз имала и завршницата од летниот преоден рок.
Кјелини верува дека заминувањето на Кристијано Роналдо во последен час негативно влијаело врз тимот, па излезе со заклучок дека Португалецот требал да си замине многу порано за доброто на Јувентус.
– По врската која ја имавме со Роналдо, се најдовме во ситуација да мора да бараме нови стрелци за голови. На Роналдо му е потребен цел тим да игра за него, а кога се случува тоа, тој е клучен. Тој го докажува тоа уште во првите месеци во Јунајтед, а го докажа и кај нас. По неговото заминување од тука, во Јувентус се јави процес на целосен рестарт.
– Роналдо си замина на 28 август, ќе беше многу подобро за нас ако си заминеше порано. Плативме данок со доцното заминување. Бевме шокирани и загубивме важни бодови на стартот на сезоната. Ако си заминеше порано, ќе бевме подобро подготвени за она што не чека. Затоа влеговме со задоцнет старт на сезоната, – изјави Кјелини по седмата победа на Јуве во последните осум меча.
-
Италија22 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија17 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план