Поврзете се со нас

Англија

Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)

Објавено

на

УЕФА ова попладне излезе со официјално соопштение дека го исфрла Кристал Палас од Лига Европа, без разлика на тоа што англискиот премиерлигаш заслужено се избори за пласман во второто по ранг европско натпреварување со триумфот во ФА Купот.

Европската Федерација пронајде конфликт на интереси во случајот на Кристал Палас и Лион, двајца клубови кои се стопанисувани од ист газда.

Џок Текстор има најголем број акции во КРистал ПАлас и Лион, а бидејќи УЕФА не дозволува настап на два клуба со ист газда во исто натпреварување, англискиот клуб е оној кој извисува во дадната ситуација.

УЕФА во официјалното соопштение вели дека Кристал Палас е прекомандуван во Конференциската лига, но со напомена дека клубот може да достави жалба до Судот за спортска арбитража.

Доколку и таму одлуката остане правосилна, тогаш местото на Кристал Палас во Лига Европа ќе го пополни Нотингем Форест.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни