Поврзете се со нас

Англија

Кин: Тен Хаг форсираше еден играч од стартот на сезоната, дури сега почна да дава резултати

Објавено

на

Манчестер Јунајтед за првпат после подолго време презентираше континуитет и врза три добри натпревари во Премиер лигата, а последниот успех беше остварена на тешкото гостување во Бирмингем.

Во дербито со Астон Вила кое беше многу важно во битката за топ четири, Јунајтед оствари победа од 1:2 и се приближи до посакуваната позиција на табелата, а добрата форма ја презентираше и Расмус Хојлунд кој после бавниот старт, сега го пронаоѓа вистинскиот ритам.

Рој Кин делеше доста критики за младиот Данец во првиот дел од сезоната, но сега за добрата форма на напаѓачот му додели најголеми заслуги на Ерик Тен Хаг кој не се откажа од него во ниту еден момент.

– Се гледа дека Хојлунд сега е „запален“, му требаа неколку месеци за да дојде до ова ниво. Сега е подобро интегриран во тимот и има поголема самодоверба. Во овој момент, изгледа како играч кој верува дека ќе постигне гол на секој меч.

– Покажува добра форма, а заслугите одат кон менаџерот. Тен Хаг го форсираше од стартот на сезоната, играше секоја недела и кога не беше добар. Сметам дека тоа му беше од голема помош за да стигне до оваа фаза. Јунајтед оствари голема победа и сега се во добар моментум. Тотенхем и Астон Вила треба да бидат загрижени. Дури и голманот Онана изгледа постабилно и посолидно, – изјави Кин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни