Англија
Кин со болна изјава за фановите на Јунајтед: Уживање е да се гледа овој Ливерпул
Ливерпул по се изгледа направи круцијален исчекор кон титулата во Премиер лигата со вчерашанта победа на „Итихад“, три бода кои му донесоа двоцифрена предност на тимот од „Енфилд Роуд“ во однос на Арсенал.
Во сезона во која Сити е далеку од шампионски ритам, се добива впечаток дека не постои тим кој може да го следи наметнатото темпо од избраниците на Арне Слот, па вчера во неколку англиски студија почнаа да го прогласуваат Ливерпул за нов премиерлигашки шампион.
Со таков став се јави и Рој Кин, кој правејќи анализа на големото дерби на „Итихад“, испорача и една доста болна констатација за сите фанови на Манчестер Јунајтед.
– Ливерпул е извонреден во секој поглед, ги гледаме новите англиски шампиони. Ова беше нов брилијантен викенд за нив и сега само треба да ја довршат работата.
– Уживам да гледам бруталност на највисоко можно ниво, Манчестер Сити беше фантастичен со години, но сега ги гледаме новите шампиони и тие се фантастични. Ливерпул е неверојатно ефикасен и навистина е уживање да се гледа како играат, – изјави Кин.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон