Англија
Кин распали по Јунајтед, но и по еден ветеран во првиот тим: Требаше да си замине уште пред две години!
Рој Кин е препознатлив по своите брутални заклучоци за тешките порази кои ги претрпува Манчестер Јунајтед изминатите неколку години, но 14-от неуспех за „ѓаволите“ од стартот на оваа премиерлигашка сезона, го натера порашениот капитен да испорача сериозни забелешки за целокупниот тим, но и за еден ветеран кој денеска беше стартер.
Неповторливиот Ирец му честираше на Њукасл за извонредното залагање и победата од 4:1, но од друга страна, посочи дека во овој тим на Јунајтед не може да се пронајде играч кој сака да трча и да им помогне на своите соиграчи.
Во бруталната анализа, Кин посебно го подбра Кристијан Ериксен, кој по се изгледа ги брои последните два месеци како член на „црвените ѓаволи“.
– Навистина не можам да поверувам колку е лош овој тим на Манчестер Јинајтед. Ова беше 14-ти пораз од стартот на сезоната, навистина излишно е да се бараат било какви изговори. Заклучокот е многу јасен, во овој тим нема доволно играчи кои трчаат за тимот, нема доволно играчи кои сакаат да покријат празен простор.
– Овој тим на Јунајтед не е никаква закана, за да го победите Њукасл, мора да работите многу напорно, но тоа едноставно не се случи во второто полувреме. Очигледно е дека во овој тим на Јунајтед има играчи кои не се движат. Тука мислам посебно на Ериксен, но не е само тој. Ериксен требаше да си замине уште пред две години, а има уште доста останати кои не се дораснати за дресот на Јунајтед, – порача Рој Кин по поразот од 4:1.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)