Англија
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)

Поранешниот англиски репрезентативец и екс член на Ливерпул, Њукасл и Вест Хем, Енди Керол се врати во својата татковина и тоа со еден неочекуван ангажман кој го носи во шестиот фудбалски ранг во неговата земја.
Тој ќе го носи дресот на Дагенхем и Редбриџ или скратено Даг и Ред, тим кој е дел од Националната лига југ во Англија. Клубот доби сопственици од Катар, па ова сигурно имало влијание врз изборот на Енди кој исто така ќе биде и акционер.
-Моите деца мислеа дека потпишувам за Челси – ќе бидат шокирани. Ова е фантастична локација и блиску до моите деца, ќе можат да дојдат и да ме гледаат како играм. Навистина уживав во времето поминато во Бордо, но време е да се сместам со моето семејство. Се надевам дека моите деца ќе ги доведат своите пријатели да ме гледаат како играм. Не сакав да завршам со играње фудбал и навистина сум возбуден што ќе се вклучам во раководството и ќе бидам играч. Имам искуство во гледањето како се водат клубовите, на сите нивоа. Мислам дека можам да додадам вредност, -истакна напаѓачот и додаде:
-Мојата прва работа е да влезам како играч, сакам да ги однесам во повисок ранг. Ми беа понудени клубови со многу повеќе пари, но сфатив дека Дагенхам е проект во кој навистина сакав да се вклучам. Сакам да им помогнам на што е можно повеќе играчи и персонал со моето искуство и знаење
-Добивав понуди од клубови од Франција, Италија и Шпанија, но сакав да се вратам дома. Можев да потпишам за врвен клуб, но јас и менаџерите можеби нема да се сложиме, па затоа само сакам да бидам некаде каде што ќе бидам среќен, -подвлече Енди.
Goodnight Daggers 🤩 pic.twitter.com/UtfFdIWE14
— Dagenham & Redbridge (@Dag_RedFC) July 12, 2025
-
Италија20 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија19 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија17 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет23 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Свет22 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
Шпанија16 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Свет18 часа
Си пронајде нова средина: Барди ќе ја носи „десетката“ во друг турски суперлигаш (Видео)