Англија
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
Големото градско дерби меѓу лутите лондонски ривали Челси и Тотенхем одново донесе голема тензија на теренот, атмосфера која се префрли и на клупата за резерви меѓу двајцата елитни и докажани менаџери.
Челси беше блиску до победа со омразениот градски ривал, но тоа не го направи бидејќи им дозволи на гостите од северот да постигнат израмнувачки гол за 2:2 во 96-та минута.
Калиду Кулибали го отвори резултатот на дербито со спектакуларен волеј-гол за најавните шпици уште во раната фаза, па иако Челси ја контролираше играта, доживеа шок 68-та минута.
Хојбјерг израмни на 1:1 откако во претходната акција имаше очигледен прекршок од Бентанкур над Хаверц, па бидејќи беше предоцна да се враќа играта, голот важеше, а настана голема мешаница крај аут линијата.
Во главна улога беа Антонио Конте и Томас Тухел кои имаа физички контакт, па мораа да бидат разделувани од судиите и од резервите за да не дојде до пожестока тепачка. Еуфоричното славје на Конте се надоврза со протестите на Тухел и нивниот контакт не беше воопшто пријателски, па судијата Тејлор на двајцата им покажа жолт картон.
По оваа мешаница, Челси одново ја презема контролата на играта и одговори со брз гол, кој беше дело на Рис Џејмс, но Хари Кејн израмни во 96-та минута и стави точка на дербито кога е во прашање резултатот. По последниот судиски свиреж на Тејлор, Конте и Тухел изрежираа нова срамна сцена и одреагираа уличарски при поздравот, па арбитарот им покажа црвени картони.
TUCHEL VS CONTE: ROUND TWO!!! 🤬🤬 pic.twitter.com/XhWuOU4fwD
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) August 14, 2022
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план