Шпанија
Каталонски „Спорт“: Чави го пронашол наследникот на Левандовски во Шпанија, Лапорта не одобрил такво сценарио
Чави Ернандес на крајот на месец април доби известување дека ќе го води тимот наредната сезона и дека ќе го доработи договорот со Барселона, но откако почна да прави планови за тоа што следи, некогашниот капитен на првиот тим доби голем шок, но и разочарување од претседателот Жоан Лапорта.
Три недели по заедничакта прес-конференција на која се радуваа за продолжената соработка, Чави заработи отказ од Лапорта поради искрената изјава која ја даде за финансиската состојба на клубот во споредба со другите големи клубови во Европа, а со тоа автоматски пропаднаа во вода сите планови кои ги имаше направено Ернандес за новата кампања.
Чави имаше подготвен план кој требаше да го доработи со Лапорта и Деко, но како што јавува „Спорт“, истиот се нашол во „ќор-сокак“ уште при првата желба која ја доставил тренерот.
Ернандес донел одлука дека нема да смета на Роберт Левандовски и побарал директна замена за полскиот напаѓач, и тоа во напаѓачот на Џирона, Артем Довбик. Чави му предложил на Лапорта да се ослободи од Левандовски и да го донесе Украинецот како негова замена во нападот, а ваквото размислување на Чави наводно било причина плус да добие раскин на договорот.
Угледниот каталонски весник „Спорт“ информира дека Лапорта не можел да замисли отфрлање на играчот за кој силно со бореше пред само две години, па јасно е дека Левеандовски ќе биде еден од главните играчи во новата ера која ќе започне со Ханси Флик како предводник на првиот тим.
-
Италија11 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија12 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија13 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија6 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Свет9 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија10 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Англија5 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија12 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч