Англија
Касемиро нема да му помогне на Тен Хаг во обидот да си ја спаси работата (Фото)
Касемиро не можеше да игра на натпреварите против Копенхаген и Манчестер Сити поради суспензија и мала повреда, но иако се врати во тимот и настапи против Њукасл, Бразилецот не се појави на стартот на вториот дел.
Многумина мислеа дека ова е нов тактички избор на Ерик Тен Хаг со оглед на тоа што Јунајтед губеше со 0:2, меѓутоа во дадениот случај се работело за нова повреда, која сега е посериозна од претходната.
Искусниот играч за врска заработил повреда на задната ложа и лекарските прегледи покажале дека истата не е од најлесен степен, па клубот денеска ја информираше јавноста дека Тен Хаг нема да може да смета со недели.
– Касемиро ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда на тетивата на задната ложа, повреда која ја доби за време на натпреварот против Њукасл во средата.
– Бразилскиот играч од средниот ред беше повлечен на полувремето поради проблемот, а последователните резултати открија проблем што ќе го оддалечи од теренот неколку недели, – гласи објавата на „ѓаволите“.
Ерик Тен Хаг влезе во прва голема криза како менаџер на Манчестер Јунајтед и на наредните неколку меча ќе се обиде да си ја спаси работата, но Касемиро нема да му биде од помош и ќе мора да бара други ресурси во средниот ред.
ℹ️ @Casemiro has been ruled out for several weeks.#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) November 3, 2023
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…