Италија
Касано иницираше нова „војна“ со Леао: Консеисао брзо ќе сфати за каков играч се работи (Фото)

Рафаел Леао беше клучна резерва на Сержо Консеисао и со своите продори беше важен за пресврт кој го направи Милан во финалето со Интер, успех по кој португалскиот репрезентативец почна да зборува со голема самодоверба за одличната работа која ја завршил Сержо Консеисао за само неколку дена.
Крилниот напаѓач со својата изјава го омаловажи пристапот на Пауло Фонсека и само стана јасно дека имаше нарушен однос со сонародникот, но сето ова иницираше една нова „војна“ на релација Касано-Леао.
Легендарниот Антонио повторно „испука“ во свој стил и го нападна Португалецот, но и овој не остана должен и се огласи со објава на социјалните мрежи.
– Коментарите на Леао за Фонсека само покажуваат дека тој нема мадиња. Зборуваше за Фонсека додека беше со репрезентацијата, а сега вели дека Консеисао му ја дал потребната енергија. Го вели тоа после победа, после добар перформанс, но нека не се залажува.
– Консеисао набрзо ќе сфати дека тој е нула од играч, дека е обичен фудбалски фолирант како Марсијал. Играше добро во финалето, но тој е нула од играч, не знае како да игра за тимот. Имаше среќа што налета на добар човек како Фонсека, да беше Спалети, ќе беше закачен за ѕид. Неговиот однос беше жалосен, требаше да има храброст и да му каже на Фонсека се што има во лице. Јас секогаш ќе бидам на страната на Фонсека во оваа ситуација, – порача Касано, за Леао само кратко одговори.
– Каков кловн…….
Che 🤡🤡 https://t.co/tMND1vlTN4
— Rafael Leão (@RafaeLeao7) January 7, 2025
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план