Поврзете се со нас

Шпанија

Карим на интересен начин ја одбележа доминацијата во ЛШ: Бензема со две слики ги потенцираше двете најважни фигури во Реал (Фото)

Објавено

на

Реал Мадрид ја продолжи својата доминација во Лигата на шампиони и ја освои шестата титула во последните 10 години, а за Карло Анчелоти тоа беше петти успех во најелитното натпреварување.

Карлето по трет пат го освои најпрестижниот трофеј како тренер на Реал и се израмни со Зинедин Зидан, достигнување кое предизвика голема еуфорија меѓу актуелните играчи на тимот, но и меѓу оние кои во доскорашно минато беа клучни за најголемите успеси.

Карим Бензема освои пет титули во Лигата на шампиони како напаѓач на Реал и беше дел од една незаборавна историја, па се чини дека со своето заминување самостојно се остави без шанса да биде во друштво на Карвахал, Модриќ, Начо и Тони Крос.

Четворицата во саботата стигнаа до шестата титула во Европа, но Карим честитките ги упати кон две фигури кои според него се најважни во клубот.

На прво место е Флорентино Перез, а на второ Винисиус Жуниор кој според него треба да ја освои „Златната топка“.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни