Англија
Карагер го именуваше најпотценетиот играч со кој ја делел соблекувалната: Ливерпул го продаде прерано

Џејми Карагер одбележа една убава ера во Ливерпул и целата своја играчка кариера му ја посвети на матичниот клуб, па токму поради тоа има посебен статус на легенда на „Енфилд Роуд“.
Карагер во речиси дводецениското искуство во првиот тим на Ливерпул имаше можност да ја дели соблекувалната со различни генерации на фудбалери, но како што вели самиот, убедливо најпотценет соиграч со кој имал убави моменти на теренот е Дени Марфи.
– Играч кој беше нависитна многу потценет е Дени Марфи. Дени можеше да игра на било која позиција на теренот, можеше да креира голови и да постигнува голови, а тоа најчесто го правеше на големите натпревари.
– Дени секогаш се појавуваше на сцена кога беше најважно, на натпреварите против Евертон и Манчестер Јунајтед. Можеби не беше најмобилниот играч, но беше многу храбар, многу паметен и секогаш ја сакаше топката.
– Никогаш не се плашеше, во денешно време има многу високо ценети играчи за врска, но тие ретко асистираат или постигнуваа голови. Сметам дека Ливерпул го продаде Дени прерано. Тој беше подобар од многу играчи кои дојдоа во клубот после него, тоа е сигурно, – потенцира Карагер.
Марфи играше на „Енфилд“ од 1997-ма до 2004-та година, потоа направи трансфер во Чарлтон, а до крајот на кариерата играше за Тотенхем, Фулам и Блекбурн каде се пензионираше во 2013-та година.
-
Италија17 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија18 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет15 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија19 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија12 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија11 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија9 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)