Европски првенства
Карабатиќ по 11-то злато во кариерата: Не играв за семејството, ниту за моите деца!
Никола Карабатиќ го освои 11-от златен медал од големите натпреварувања како играч на Франција и сигурно ќе остане запаметен како еден од најголемите играчи на сите времиња, без оглед на тоа што вчера еден негов рекорд беше урнат од Микел Хансен.
Карабатиќ на турнирот во Германија стана најдобар голгетер во историјата на Европските првенства, но за време на вчерашното финале, тој примат го презема Хансен.
Со оглед на тоа што Французинот веќе нема да настапи на Европските првенства, тој рекорд ќе остане во сопственост на Хансен, но Никола е многу позадоволен од тоа што го затвори турнирот како континентален шампион.
– Навистина е посебно кога ве гледаат тука сите од семејството, тоа е дополнителна мотивација за сите играчи. Сите беа тука со мене, но овој турнир не го играв за семејството, не го играв за моите деца, ниту за публиката.
– Овој турнир го одиграв за себе, бидејќи знам дека ова ми е последна сезона. Тоа ми донесе многу енергија. Знаев дека веќе нема да заиграм на Европскот првенство и тоа многу ми помогна да се мотивирам за овој турнир. Имав поинаква енергија и многу сум среќен и горд што успеавме да освоиме златен медал. Никогаш не мислев дека ќе освојам 11 златни медали во кариерата, но напорно работев за тоа, тренирав и горд сум и среќен што стигнав до нов успех. Се надевам дека ќе бидам здрав и дека ќе бидам активен и за Олимписките игри во Париз, – изјави Карабатиќ за „Балкан хендбол“.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план