Поврзете се со нас

Англија

Капитенот на Вест Хем со солзи во очите се одјави од „Лондон“ стадионот, Гвардиола покажа класа со потегот (Видео)

Објавено

на

Вест Хем ја оствари отворена шампионската битка во Премиер лигата до последното коло, бидејќи ова попладне ремизираше со Манчестер Сити и освои бод во битката за Европа.

„Чеканите“ уште еднаш покажаа дека се навистина непријатен противник дури и за најсилните тимови во лигата, но денешниот меч против Сити беше посебен за човекот кој ја посвети цела кариера на Вест Хем.

Капитенот Марк Нобл го одигра последниот натпревар на домашен терен и со солзи во очите се прости од домашното гледалиште, а во целата емотивна ситуација, се вклучи и Пеп Гвардиола.

Шпанецот со класа потег го прекина расплаканиот играч за врска и се обиде да го утеши во емотивните моменти, а по крајот на мечот, откри зошто почитува играчи како Нобл.

– Многу почитувам траекторија на играчи како Нобл. Цела кариера во еден клуб. За жал, најверојатно тој ќе биде еден од последните играчи кои останале цела кариера во еден клуб. Како и да е, по кариерата се надевам дека ќе остане во фудбалот. Со своето знаење, може да биде многу важен за Вест Хем, важен за англискиот фудбал, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни