Италија
Јувентус со фуриозен блицкриг во пет минути го нокаутираше Милан (Видео)

Јувентус и натаму останува единствениот непоразен тим во Серија А, но за разлика од обично, избраниците на Тиаго Мота вечерва за промена запишаа и нова победа.
Во големото италијанско дерби меѓу Јувентус и Милан, составот од Торино режираше слатка одмазда за болниот пораз од Саудиска Арабија, такашто постигна два брзи гола во второто полувреме кои се покажаа како доволни за осма победа оваа сезона.
Тимот на Мота кој го доби епитетот „крал на реми исходите“ денеска повеќе ги посакуваше трите бода, а клучен за победата беше блицкригот на домаќините во првата третина од второто полувреме.
Ембангула со доста среќа го совлада Мењан и донесе заслужено водство од 1:0 откако претходно неверојатна шанса не реализираше Копмајнерс, а по голот во 59-та минута, пет минути подоцна следеше уште еден.
Веа доби употреблива топка од Тирам и со мајсторски удар го совлада Мењан по вторпат вечерва, па во тој момент стана јасно дека серијата на Јувентус од 13 нерешени средби во Серија А засега нема да биде продолжена.
Јуве во продолжение без проблеми го одбрани водството и стигна до осмата победа, а истата е доволна за да се искачи на четвртото место на табелата во овој момент, со шест бода повеќе од Милан кој е осмопласиран.
Головите погледнете ги ТУКА
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план