Италија
Јувентус се изнамачи против „десеткуваниот“ Лацио, па на крајот победи со автогол на Хила (Видео)

Јувентус нема долго да се сеќава на натпреварот кој го одигра против Лацио оваа вечер, а истото важи и за неутралните фудбалски фанови кои го следеа дербито во Торино.
Натпреварот беше одбележан од непотребно остриот старт на Ромањоли по кој судијата покажа црвен картон уште во 24-та минута, па така гостите од Рим се предодредија на бранење на почетните 0:0 до крајот на средбата.
Во такви услови, Јувентус тешко пронаоѓаше „дупка“ во одбраната на Лацио, но дури и кога го правеше тоа, Влаховиќ ја погоди гредата, а Даглас Луиз промаши неверојатна шанса од непосредна близина.
Двете шанси во првата третина од второто полувреме беа најава за уште поинтензивни напади на Јувентус, па иако гостите одлично се бранеа, на крајот примија гол по една несмасна реакција на Марио Хила.
Шпанскиот дефанзивец го измами својот соиграч Проведел и ја смести топката во неговиот гол, а тоа беше доволно за екстаза на трибините и победа на Јуве со автоголот во 85-та минута.
Овој гол очекувано доста го израдува и Тиаго Мота, бидејќи неговиот тим сега се израмни со Наполи на првенствената табела.
Автоголот на Хила погледнете го ТУКА
-
Италија16 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија17 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија17 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија17 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет14 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија11 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија10 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)