Поврзете се со нас

Италија

Јуриќ по потопот на Рома во Фиренца: Ова не го очекував, ама не можам…

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialASRoma

Рома се посрамоти на гостувањето кај Фиорентина и доживеа убедлив пораз од 5:1, пораз кој боли и кој едноставно ги покажа сите слабости на составот од италијанската престолнина.

Хумелс постигна автогол на дебито за Рома, „волчицата распарчена“ во Фиренца (ВИДЕО)

„Волчицата“ едноставно не можеше да се справи со домашните фудбалери и нивните напади и доби „петка“ во својата мрежа со што дефинитивно е запалено црвеното светло на „Олимпико“.

-Се направивме погрешно оваа вечер. Нашите седум досегашни натпревари покажаа добра концентрација, но вечерва имавме погрешен став, погрешен менталитет, погрешен пристап, што навистина не го очекував. Се чинеше дека сме заборавиле се што научивме откако покажавме добра цврстина, -истакна тренерот Иван Јуриќ воедно порачувајќи дека и покрај овој настап не може се да се фрли во канта што е сработено откако е на клупата на калчолигашот.

-Тоа е фудбалот, мислам дека направив одлична работа во овие 40 дена и нема смисла сега да го фрлам сето тоа во тоалет. Видов цврстина, добри настапи, младите растат, постарите играчи се враќаат на своето претходно јас и вечерва сето тоа го фрливме во тоалет. Знаете каков е фудбалот, другите одлучуваат, а ние продолжуваме со нашата работа. Ова навистина не го очекував, -заклучи Јуриќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни