Поврзете се со нас

Шпанија

Јовичевиќ за неговиот луд трансфер во Реал: Ме криеја во непознат хотел, настапував под друго име

Објавено

на

Фудбалската школа на Динамо Загреб изнесе на пат огромен број фудбалски имиња кои потоа станаа ѕвезди на елитната сцена, а последен најдобар пример за тоа е Лука Модриќ кој дури стигна и до приматот на најдобар играч во светот, добивајќи ја „Златната топка“.

Модриќ е една од најголемите ѕвезди на Реал која потекнува од школата на Динамо, а неговата врска со фудаблскиот клуб од Загреб го натера угледниот весник „АС“ да се потсети на еден поранешен хрватски фудаблер кој неодамна стана тренер на „модрите“.

Игор Јовичевиќ пред извесно време стана нов тренер на нашиот Аријан Адеми, а во ексклузивното интервју за „АС“ се потсети на неговиот незаборвен трансфер во Реал во далечната 1991-ва година.

– Имав само 17 години и бев вицешампио на Европското првенство до 17 години кое штотуку заврши. Бев избран за најдобар играч на турнирот. Бев готов да потпишам за Верона, но Реал Мадрид дојде таму на турнир и ми понуди да се вратам со нив во Шпанија. Заминав со нив, одиграв неколку меча под друго име и ме криеја во непознат хотел се додека не не откри еден новинар, – открива Јовичевиќ.

– На крајот се оствари трансферот и потпишав петгодишен договор. Цело време играв за Б тимот, пред да си заминам од Реал, дознав дека клубот требал да плати многу пари ако ме вклучат во првиот тим, – додава Хрватот кој играше за Реал Кастилја до 1995-та година кога имаше само 21 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни