Англија
Јорк не верува во асот на Јунајтед: Во секое време би го избрал Нуњез пред него
Двајт Јорк долго време играше на островот со тоа што најуспешните, најубавите времиња ги мина во Манчестер Јунајтед каде успеа да ги освои сите најважни трофеи Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот.
Со оглед на направеното и успешниот период тој носи статус на легенда во клубот, меѓутоа тоа не значи дека по секоја цена би застанал зад нешто во кое не верува, па така правејќи споредба меѓу Расмус Хојлунд и Дарвин Нуњез тој комплетно застана зад напаѓачот на Ливерпул.
-Кога би можел, би го заменил Расмус Хојлунд за Дарвин Нуњез, бидејќи тој има повеќе во „шкафчето“. Тој има темпо, има моќ, може да игра со глава, има присуство – само треба да ја подобри својата завршница и ќе биде најдобриот напаѓач во лигата.
-Треба да почекаме и да видиме дали ќе може да го направи тоа, но како менаџер би го избрал Нуњез наместо Хојлунд кој било ден од неделата, -порача некогашниот репрезентативец на Тринидад и Тобаго.
-
Италија11 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија12 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија12 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија6 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Свет9 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија10 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Англија5 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија12 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч