Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ имал „посебна“ подготовка за новата сезона: Ми кажа дека пиел по шест пива дневно во Србија (ВИДЕО)

Објавено

на

Денвер Нагетс изгради шампионска екипа во која главниот збор, улогата на лидер ја има фантастичниот Никола Јокиќ кој прави се што може, дава поени, собира скокови, асистира, поточно се во корист на екипата.

Меѓутоа освен Јокиќ тука е уште неколку момци кои имаа важна улога во таа историска титула на Нагетс, играчи како што се Мајкл Портер Џуниор и Арон Гордон.

Токму овие двајца одработија еден подкаст во кој разговараа за Јокиќ.

-Јокиќ е одличен лидер. Секогаш е точен, секој ден. Тој тренира секое утро, одигра натпревар, а потоа крева тегови по натпреварот. Работи редовно секој ден. И на сето тоа, тој е скромен. Кога имате двократен МВП и најкоситен играч на финалето на НБА кој е толку несебичен, тоа е како божји дар. Ако може тој тоа да го направи, тогаш другите можат да ја поделат топката. Тој е ѕвер, -истакна Гордон на што се надоврза Портер Џуниор.

-Тој е единствен. Кога ќе го гледате ноќ по ноќ, тој е најдобриот играч што некогаш сум го видел. Лудо е што може да направи. Порано беше добар, но не беше толку заинтересиран. Растеше од година во година. Дури и по МВП сезона. Како е можно да се подобриш после МВП година? Годинава е уште подобар, а ние го освоивме прстенот. Разговарав со него и ми кажа дека во Србија пиел по шест пива дневно. Веројатно не ја ни допрел топката. Вие двајца имате одлична хемија кога тој ти фрла топки за забивање, -истакна Мајкл.

Никола во актуелнава сезона има просек од 28,8 поени, 13,4 скока и 8,9 асистенции.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни