НБА
Јокиќ и Мари го вратија Денвер на победнички патеки, Брансон броеше до 55, Оклахома незапирлива (ВИДЕО)

Тимот на Денвер Нагетс им се врати на победите во НБА лигата и тоа против Детроит Пистонс кој беше совладан во Колорадо со 134:121.
По поразите од Феникс Санс и Кливленд Кавалирс, избраниците на Мелоун посакуваа триумф против составот кој во актуелнава сезона игра на далеку повисоко ниво од минатата, доста е незгоден и потврда за тоа е комплетниот учинок, ама и фактот што во ова соочување влегоа со три гостински успеси остарени над Лос Анџелес Лејкерс, Сакраменто Кингс и „сонцата“ од Аризона.
Сепак Денвер не дозволи изненадување и предводен од двоецот Јокиќ-Мари дојде до 17. славје во натпреварувачката 2024/2025. Јокиќ имаше учинок од 37 поени, 9 скока и 8 асистенции, Мари пак застана на 34 кошеви со 5 скока, 4 асистенции и 3 блокади.
Џејлен Брансон пак имаше специјална партија во Вашингтон каде испорача 55 поени со 9 асистенции во драматичното славје на Нујорк Никс над Визардс. Мораа да се играат дополнителни минути за да се добие победникот, истите фаворитот ги доби со 17:13 за конечни на крајот 136:132.
Најдобриот тим на Западот, Оклахома Сити Тандер не запира и забележа ново славје овојпат над Шарлот Хорнетс со 106:94. Комплетната стартна петорка беше двоцифрена што значи со тимска игра го оправдаа статусот на фаворити.
РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Оклахома 94:106
Вашингтон – Њујорк 132:136 (прод.)
Чикаго – Милвоки 116:111
Голден Стејт – Финикс 109:105
Денвер – Детроит 134:121
Јута – Филаделфија 11:114
Портланд – Далас 126:122
ЛА Лејкерс – Сакраменто 132:122
Атланта-Мајами 120-110
-
Италија15 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија17 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија16 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет13 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија10 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија9 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)