НБА
Јокиќ го информирал Денвер дека нема да потпише договор ова лето!

Никола Јокиќ остана без МВП титулата изминатава сезона, но според голем дел од јавноста, српскиот кошаркар и натаму е најдобар играч во НБА лигата.
Ѕвездата на Нагетс го покажува тоа со константните изданија кои ги прикажува со години наназад, па иако Денвер како франшиза реши да му ја исполни желбата и да режира неколку важни промени ова лето, сепак Србинот донел одлука која носи дополнителен притисок за луѓето од Колорадо.
Како што јавува угледниот „Денвер Пост“, Јокиќ ја одбил понудата која ја имал на маса и ги известил одговорните луѓе дека нема да потпише нов договор ова лето, што од една страна е финански мотивирано, но од друга, носи и тежина со која ќе мора да се носат одговорните лица за спортскиот проект, но и новиот тренер.
Со овој потег, Јокиќ го задржува правото следната година да добие „супермакс“ договор вреден 292 милиони долари (80 милиони долари повеќе од ова лето), но истовремено, Србинот во наредните 12 месеци ќе може мирно да суди и проценува во кој правец ќе тргне проект на Нагетси.
Денвер ќе мора да се носи со притисокот во новата натпреварувачка сезона, бидејќи после оваа одлука, ќе мора да му докаже на својата најголема ѕвезда дека проектот е вреден за да остане во Колорадо.
-
АТП23 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства24 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија19 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија18 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија1 час
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив