НБА
Јанис трипати го „прелета“ Јокиќ, но доби кошаркарска лекција за возврат (Видео)

Откако вчера го имаше најдобриот потег во НБА лигата со моќното забивање, Никола Јокиќ и во најновата НБА вечер брилјираше на паркетот, овојпат на гостувањето кај Милвоки кој беше буквално преслушан од страна на Денвер.
Нагетси ја продолжија победничката серија благодарение на фантастичниот српски кошаркарски мајстор, кој одново беше вистински лидер и најефикасен на теренот со 37 поени, 10 скокови и 11 асистенции. Ако вчера му фалеше само една асистенција за трипл-дабл, Србинот против „елените“ стигна до ваков учинок, добивајќи го директниот дуел со Јанис Адетокумбо против кого го прослави јубилејниот 50-ти трипл-дабл во кариерата.
Интересно, Гркот дури трипати го „прелета“ Јокиќ и заби во дуел преку Србинот, но конечниот резултат беше далеку од поволен за него, бидејќи Денвер славеше со 97:128.
Инаку, Јанис беше втор најефикасен играч на паркетот со 10 поени помалку од Јокиќ (27), Мидлтон од Милвоки уфрли 20, а Џамал Мареј од Денвер го заврши мечот со 24 поени.
Останати НБА резултати:
Вашингтон – Мемфис 111:125
Бостон – Лос Анџелес Клиперс 117:112
Мајами – Атланта 80:94
Сан Антонио – Њујорк 119:93
ЛА Лејкерс – Феникс 104:114
Giannis went by Jokic and dunked three straight times 😳 pic.twitter.com/2DaAr7fi1t
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) March 3, 2021

- Шпанијапред 17 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 18 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 15 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 18 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 19 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 21 час
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 15 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 16 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити