Шпанија
Јамал со оригинален одговор за непријатните навреди кои ги доживеа на „Сантијаго Бернабеу“

Ламин Јамал вчеравечер беше избран за најдобар млад играч во светот и му беше доделен „Копа трофејот“ на церемонијата во Париз, а по воведниот говорот со кој навистина покажа доблест за 17-годишно момче, во продолжение од вечерта, фудбалерот на Барселона бил интересен за новинарите и поради последните случувања на „Ел Класико“.
Јамал постигна гол во високата победа од 0:4 над лутиот ривал, но по натпреварот стана јасно дека Ламин бил жртва на непријатни расистички навреди од трибините, поради кои со жестоки соопштенија се јавија и Реал Мадрид и Винисиус Жуниор.
Младата ѕвезда на Барселона доби поддршка за расистичките навреди на кои беше мета од навивачи на Реал, но тој всушност не дава воопшто големо внимание на оваа тема, за што говори и неговата изјава по свеченоста во Париз.
– На теренот се однесувам онака како што сакам, па затоа и ги славам головите онака како што сум замислил.
– Тоа што ќе ти кажат четири глупости од трибината нема никакво значење за мене. Нема потреба да се лутиме, тоа всушност е знак дека правиме многу добри работи како тим, – гласи одговорот од Јамал за неколкумината расисти од „Сантијаго Бернабеу“.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план