Шпанија
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)

Барселона се врати во Шпанија со освоена титула во Суперкупот, а иако немаше многу време за одмор, повеќе од јасно е дека играчите на Ханси Флик се уште се под еуфорија од страшното издание против Реал Мадрид.
Понесени од големата „Ел Класико“ победа, денеска брилијантни изданија имаа и играчи кои обично не се во прв план, но сепак главната улога ја имаше неверојатниот Ламин Јамал.
Суперталентираниот фудбалер правеше чуда против Бетис и беше најзаслужен за убедливата победа, по која Барселона се пласираше во четвртфиналето на Копа дел Реј.
Ламин запиша една магична асистенција, потоа претрча 70 метри и имаше брилијантен соло-продор пред гол да постигне Рафиња, додека во второто полувреме се запиша и во листата на стрелците.
Пред неговото шоу, првиот гол за водство на Барселона го постигна Гави, додека во листата на стрелците се запиша и Феран Торес.
Во самата завршница, почесен гол за Бетис постигна Витор Роке кој ги постави конечните 5:1.
Головите погледнете ги ТУКА
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)