Репрезентација
Израел е првиот противник на Македонија на турнирот за пласман на ЛОИ
Македонската кошаркарска репрезентација пред неколку дена ги доби ривалите за претквалификациите за Летните Олимписки игри кои во 2024 година ќе се одржат во Париз.
Естонија, Чешка и Израел се противниците со кои ќе ги одмериме силите, а турнирот ќе се игра во Талин. ФИБА ги одреди термините и распоредот на натпреварите, па така ние ќе тргнеме на 12 август со дуел против Израел.
Ден подоцна, на 13. август, во арената „Тондираба“, Македонија одново ќе го игра вториот меч на денот, оној против домашната репрезентација на Естонија.
Наредниот ден, 14 август е предвиден како ден за одмор за сите четири репрезентации, пред она што следува како завршница на собирот во главниот град на Естонија.
На 15. август, во првиот термин ќе играат Македонија и Чешка, а турнирот ќе биде затворен со средбата Естонија-Израел.
Првопласираните две репрезентации по трите натпреварувачки денови во групата „А“ во Талин, ќе обезбедат пласман во полуфиналната фаза која ќе се игра во полскиот град Гливице, каде во исто време се закажани натпреварите од групата „Б“ од европската зона.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПА „А“ :
12. АВГУСТ
Чешка – Естонија
МАКЕДОНИЈА – Израел
13. АВГУСТ
Израел – Чешка
Естонија – МАКЕДОНИЈА
14. АВГУСТ
СЛОБОДЕН ДЕН
15. АВГУСТ
Чешка – МАКЕДОНИЈА
Израел – Естонија
-
Италија19 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија20 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија14 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија20 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет17 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија13 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП12 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)