Репрезентација
Изов: Ова ќе биде одлична можност за младите фудбалерки, верувам ќе имаме подобри резултати во иднина

Женската репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата на Грузија во наредниов период и тоа во Тбилиси.
Средбите се закажани за 25 и 28 февруари, а селекторот Кирил Изов смета дека истите ќе бидат од голема користи за екипата и за младите фудбалерки кои во иднина ќе добијат поголема одговорност во националниот тим.
– Нашиот следен противник, репрезентација на Грузија беше во последниот квалификациски циклус, беше дел од дивизијата Ц во рамките на Групата на нации. Се работи за тврд противник, составен претежно со фудбалерки кои играат во домашното првенство. Во последниот период оваа репрезентација во континуитет се подобрува и напредува, постигнувајќи се подобри резултати.
– Во овој двомеч очекуваме да се покажеме до добро светло. По завршувањето на квалификацискиот циклус во рамките на Лигата на нации дојде до голема промена и подмладување на нашиот играчки кадар. Овие два натпревари ќе бидат одлична можност за нашите млади фудбалерки подобро да се вклопат во нашиот систем на игра и да дебитираат во репрезентацијата на Македонија.
– Ќе ги искористиме овие два контролни натпревари, за да се подготвиме подобро и да видиме кои од повиканите млади фудбалерки би можеле да донесат свежина и поголем квалитет во наредниот циклус на квалификации за Европско првенство 2025 година.
– Поголемиот дел од нашите фудбалерки сеуште не се во посакуваната натпреварувачка форма и тоа е нормално со оглед на тоа што кај нас сеуште не е започнат пролетниот дел на првенството. Фудбалерките кои играат во странство се веќе во натпреварувачки ритам и се наоѓаат во одлична форма, посебно нашиот капитен Наташа Андонова која игра во врвна форма во својот Леватне во Шпанската прва лига.
– Атмосферата во селекцијата е одлична. Поскусните фудбалерки како Андонова, Рочи, Мустафа, Коларовска и Максути се одлична поддршка на младите фудбалерки.
– Во април почнува новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2025 година, со нетпрение ги очекуваме нашите противници. Верувам дека ке имаме одлични квалификации и ќе постигнеме добри резултати. Се надевам дека ќе го поправиме лошиот впечаток од настапите во првото издание од Лигата на нации, -истакна Изов.
Женската репрезентација ќе се надигрува со Грузија во Тбилиси
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план