Свет
Ивиќ емотивно се огласи откако доби отказ од Војводина: Воспитан сум да ги сакам своите, но и да ги почитувам другите (Фото)

Филип Ивиќ спогодбено се раздели со Еурофарм Пелситер по крајот на сезоната во која битолскиот тим ја одбрани титулата во македонското првенство, но искусниот хрватски голман многу брзо си најде нов ангажман, и тоа во редовите на српскиот вицешампион.
Ивиќ беше најавен како големо засилување за Војводина пред само две недели, но клубот од Нови Сад вчера реши официјално да му врачи предвремен отказ, сето тоа како последица на неговото присуство на концертот на Марко Перковиќ Томпсон.
Војводина како клуб го окарактеризира овој концерт како „усташки собир“ и експресно се раздели со Ивиќ, кој денеска почувствува потреба да излезе со реакција и да се огласи на социјалните мрежи.
– Воспитан сум да ги сакам своите, а да ги почитувам другите. Во мојата досегашна кариера имав чест да бидам во тимови со играчи од сите нации, сите религии и сите политички убедувања. Судирите ни беа само на теренот, во духот на фер-плејот, а надвор од теренот бевме неразделни.
– Вечерта беше особено емотивна за мене бидејќи на овој концерт бев без мојот најдобар пријател Никола Покривач, кој неодамна трагично го загуби животот, а како репрезентативец ги прославував победите на нашите „ватрени“ со стихови за единство и поврзување на сите граѓани на Хрватска со песната „Lijepa li si…“.
– Секое негативно толкување на моето доаѓање на концертот, освен уживањето во песната што поврзува 500.000 луѓе и оддавањето почит на мојот пријател – е неосновано. Секако, го почитувам правото на мојот сега веќе поранешен клуб да донесува свои деловни одлуки во согласност со своите проценки. На моите поранешни соиграчи со кои сè уште не сум играл и на мојот поранешен клуб РК Војводина им посакувам се најдобро и голем успех понатаму на спортскиот терен од дното на моето срце.
– Јас продолжувам да тренирам, да се борам за спортските вредности и духот на олимпизмот од мојата професионална кариера, но и да бидам она во што сум најдобар – спортист со отворено срце и ум. Ве молам, сметајте на ова како на моја единствена јавна изјава на оваа тема. Ја сакам мојата татковина, мојот народ и мојата вера. Спортски поздрав, – порача Ивиќ кој сега како слободен агент ќе мора да си бара нов клуб.
-
АТП23 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства24 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија19 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија18 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија1 час
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив